Вторник во елегантна комбинација
•
5 април 2022
Овој вторник бираме комбинација со елегантна нота.
Блејзер во пастелна нијанса со ремен околу струкот, како детаљ кој го дава главниот стилски акцент.
Го комбинираме со џинс во бела боја, во суптилен „ѕвоно“ крој и со должина над глуждовите.
Стајлингот е финиширан со високи потпетици и плико чанта во кафени тонови.