Синот на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин неодамна се венчаше со својата избраничка Никола Пелц. Светските медиуми беа љубопитни за тоа како ќе изгледа невестата, која патем носеше венчаница од брендот „Валентино“, но ништо помалку не беше интересен и стајлингот на Викторија Бекам.
View this post on Instagram
Дизајнерката вчера на својот Инстаграм профил објави фотгорафии и видеа од својот свилен фустан. Се работи за таканаречениот слип модел, изработен од специјална свила.
Како вели дизајнерката, свилата била од една од нејзините омилени италијански фабрики, со ефект на течен метал. Во предниот дел има елементи од тантела и тоа три различни вида, а фустанот бил изработен во ателјето на брендот на Бекам во Лондон.
Таа истакна дека го работеле шест члена од нејзиниот тим и тоа пет дена.
Изгледот е надополнет со сребрени сандали и дијамантски накит.
За потсетување, за изгледот на Дејвид Бекам пак, се погрижи Ким Џонс, односно модната куќа „Диор“, израборувајќи смокинг со сатенски ревери, дизајниран специјално за познатиот спортист.
И додека за него не се штедеа комплименти, за стајлингот на Викторија се водеа различни полемики на социјалните мрежи - од тоа дека совршено изгледа, до тоа дека имала далеку подобри изданија.
Како вам ви се допаѓа?