Добро утро. Оваа среда ја започнуваме стандардно со предлог стајлинг, кој може да ви послужи како модна инспирација.

Комбинацијата е составена од романтичен фустан од тантела во комбинација со тексасна јакна. За впечатливоста на стајлингот придонесуваат многу модните додатоци.

Бохо ланчињата се полн погодок, а чантата и сандалите се во црна нијанса. Секако дека модните додатоци можат да бидат и поинакви, а со тоа да си ја направите комбинацијата според вашиот вкус.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
11 мај 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
660 пати