Добро утро. 

Се надеваме дека макар малку оваа сабота ќе ја огрее сонце и ќе можеме навистина да почувствуваме дека доаѓаат сончеви денови.

Кога е предлог стајлингот во прашање, инспирирани токму од пролетта, одбравме лежерна и цветна комбинација.

Составена е од фустан со карнери во шпански стил, со должина под колена и тексасна јакна, едно од задолжителните парчиња во пролет.

Колор-блок балетанки и чанта за преку рамо се модните додатоци со кои комбинацијата е заокружена.

Ви посакуваме убав ден, убав викенд и уште поубава пролет.

Објавено:
30 април 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
2.857 пати