На почетокот сме од уште еден убав, пролетен месец. Ако судиме по досегашните температури, нè очекуваат сончеви денови, а тоа воедно значи можност за прошетка, одмор и модно експериментирање.
И овој пат ќе се погрижиме да ви дадеме идеја за тоа како можете да изгледате овој мај.
Веруваме дека на почетокот на секој месец го правите и финансискиот план, па доколку на него се наоѓа и шопинг, можеби со предлозите во продолжение ќе ве инспирираме да си купите некое актуелно парче или нешто со што ќе ја направите вашата омилена комбинација комплетна.
Искористете го времето за убави нешта:
кошула+карирана тиролка
лежерен комбинезон + ремен
фустан-кошула со впечатлив принт во свежи бои
здолниште со карнер + кошула со риги
здолниште со животински принт+бела маица + широко палто
карирани панталони + бела маица + мантил + впечатливи обетки
макси фустан во свежа пролетна боја
кошула-фустан на риги
плисирано здолниште+бела кошула+ремен-корсет
панталони со широки ногавици во нијанса на лаванда+блуза во беж нијанса
широки бели панталони+бел топ+патики
здолниште или шорц од тексас+цветна кошула со волуменозни ракави+марама
здолниште на фалти+кошула+тексасна јакна
свилен или сатенски фустан на преклоп
џинс+елек во ведра боја+шапка
романтичен фустан со тантела
во црвено од глава до пети
кошула на преклоп+бели фармерки+ретро очила за сонце
кожено здолниште со асиметричен пантент+блуза со натпис+високи потпетици
колор-блок фустан+сандали
во принт од глава од пети
здолниште со реси+кошула од велур
жолто од глава до пети+впечатлив накит
шорц+маица на риги+наметка со цветен принт
светкав фустан+модни додатоци во впечатлива боја
џинс+бела кошула+високи потпетици
памучно мини здолниште+блуза со светкави детали+патики
карирана кошула+карирано здолниште
пижама панталони+маица+сандали
пастелен макси фустан+патики+марама
бело од глава до пети - романтична кошула+здолниште
мини здолниште на преклоп со принт+ролка на кратки ракави+чизмички до глужд
џинс на џинс
беж панталони со висок струк+асиметрична кошула на точки
искинат џинс+впечатлива транспарентна, асиметрична кошула