Џулија Фокс знае како да го привлече вниманието!
Во новото видео на чешкиот Вог, актерката и манекенка позира во здолниште од средна должина изработено од полароид фотографии, додека пак со две фотографии ги покрива своите гради. Таа подоцна објаснува дека на сите фотографии е таа самата.
Фотосесијата вклучува и уште еден изглед каде Фокс е обвиткана во златна ткаенина, а фризурата во стилот од '60-тите неодоливо потсетува на Џејн Фонда во „Barbarella".
Третиот стајлинг претставен во видеото вклучува розово-црвена тоалета во комбинација со ѓердан со скапоцени камења и кратка перика што најверојатно е инспирарана од легендарните Софија Лорен и Линда Евангелиста.
Во секој од трите изгледи, Фокс го носеше својот препознатлив графички молив за очи.
Иако Фокс блеска во секое од трите, се чини дека здолништето од полароид фотографии успешно ги засени останатите. Ова здолниште е само уште еден од авагардните модни избори во богатото портфолио на Fox.
View this post on Instagram