Ќе се збогуваме со „Симпсонови“?

19 јуни 2021

Анимираната серија „Симпсонови“ ја гледаме на екраните веќе 30 години. Различни генерации растеа со ова семејство, но според најновите гласини, иднината на серијата е неизвесна.

Имено, телевизиската мрежа „Фокс“ се спојува со „Дизни“, а уште повеќе загрижува фактот дека „Симпсонови“ веќе со години не остваруваат приходи. Како пренесува „Варајати“, нивниот опстанок се должи на парите од лиценцирањето. 

Но, со новото партнерство, договорите за лиценцирањето ќе бидат поинакви. „Фокс“ нема повеќе да ги дели трошоците за секоја епизода со компанијата „20th Century Fox“, па наскоро секоја епизода ќе мора да ја плаќаат сами. 

Од оваа причина, тие не знаат дали ќе им се исплати, бидејќи со години тие немаат никаква заработувачка од серијата.

Доколку не се изнајде некое решение, емитувањето на серијата ќе мора да дојде. Сепак, од „Дизни“ велат дека дури и да дојде до таков момент, ќе се разгледа опцијата дали „Симпсонови“ ќе може да се емитуваат на друг канал, или пак, да се направи римејк.

 

Објавено:
19 јуни 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
201 пати
Тагови: 
Симпсонови