Неверојатна енергија на сцена: Наде Талевска во урбана и тренди комбинација на ЕЛЕНА ЛУКА

26 јуни 2022

Вчера во Скопје се одржа третата Парада на гордоста која годинава беше под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда", во организација на националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Почетната точка беше во паркот „Жена-борец" а по кратките поздравни говори започна протестниот марш по скопските улици што заврши со забавна програма на стадионот на АРМ во градскиот парк.
Во склоп на програмата, со неверојатна енергија на сцена, публиката ја забавуваше нашата оперска дива Наде Талевска која и овојпат довербата за сценскиот изглед ѝ ја даде на нашата етаблирана модна куќа ЕЛЕНА ЛУКА.

Во нивната долгогодишна заедничка соработка секогаш сведочиме на гламурозни и елегатни изданија на оперската дива, достоинствени за оперската сцена. Луксузни вечерни тоалети потпишани со уникатниот дизајнерски печат на ЕЛЕНА ЛУКА. Но, овојпат нивната соработка имаше поинаков контекст со што покажаа колку професионалноста и искуството имаат значајна улога за успешна сценска трансформација, соодветна на тематиката и програмата, што е нималку едноставна задача.

Со оглед на забавната димензија на програмата, Наде овојпат беше стилизирана во урбана и тренди комбинација која вклучуваше спој помеѓу колоритни хеланки кои овaа сезона се на врвот на актуелните тенденции и монохроматски црн топ и наметка, а дополнителен акцент на целиот изглед му дадоа обетките во форма на срце во боите на виножитото.

Низ фотографии ви пренесуваме дел од атмосферата.

 

Објавено:
26 јуни 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.115 пати