Карла и Валерија Бруни на насловната на францускиот Ел

2 ноември 2013

Карла Бруни Саркози и нејзината сестра актерка Валерија Бруни Тедеши ја красат насловната страница за ноември на француското издание на магазинот Ел. Жената на поранешниот француски претседател Никола Саркози, го најави своето големо враќање во светот на модата со кампањата на Булгари оваа година.

По неверојатната фотосесија што и ја направи Тери Ричардсон, изгледа дека Карла Бруни повторно ги привлече очите на модниот свет кон неа.

Двете сестри изгледаат неверојатно шармантно на насловната на магазинот, во шик темни џемпери со несредени фризури и минимална шминка. Нивните небесно сини очи се единствената интензивна боја на фотографијата, покрај насловот на магазинот.

Прекрасната Карла Бруни во 90 – те беше еден од најплатените модели во светот. Покрај со манекенството, таа беше и сосема успешна во нејзината музичка кариера.

Нејзината сестра Валерија пак, покрај со актерството, се занимава и со режија.

Објавено:
2 ноември 2013
Категорија: 
Актуел