Бадија - хрватска островска бајка во која елените се главни ликови

13 јули 2022

Неодамна Корчула се најде на нашата страница како препорака за локација за летување оваа година, но овјопат се фокусираме на островчето во близина.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Timotej (@timotej)

Бадија, најголемиот од 19-те острови во околината на Корчула, се простира на површина помала од 1 км2 и моментално е ненаселен од луѓе, но затоа пак чемпресовата шума е негов вековен жител. Во 1398 година бил освоен од Францисканците од Босна кои до држеле под своја власт до 1949 година кога бил експроприран од комунистичките власти.

Името на островот, Бадија, влече потекло од манастирот изграден во 15 век, кој е сè уште една од главните карактеристики на овој остров и кој можете да се посети исклучително со претходна најава.

Манастирот е еден од визуелно највпечатливите карактеристики на островот, но покрај тоа, Бадија се одвојува од останатите прекрасни хрватски острови и според пречекот кој го добивате при пристигнувањето.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Francesco Guasconi (@francepke)

Најлесен начин да се стигне до Бадија е со такси - со брод од Корчула, што е и наједноставниот начин за посета на острови и островчиња во Хрватска. Но, за разлика од сите други места, при самото пристигнување на Бадија ќе бидете пречекани и воодушевени од елените кои се собираат на местото каде луѓето се симнуваат од бродовите. Не е чудно што најпознатата плажа е бетонската на која се собираат елените и слободно шетаат додека се сончате, а дколку сакате да ги освоите нивните срца, понесете храна и понудете ѝм ја.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Timotej (@timotej)

Објавено:
13 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.260 пати