Драмски театар Скопје ќе учествува на Охридско лето со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта"

19 јули 2022

Утре, во рамките на фестивалот Охридско лето кое се одржува од 12.7. до 20.8.2022 година ќе учествува Драмски театар Скопје, со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта".

Претставата, работена според романот на Марк Хадон својата премиера ја имаше на крај на претходната година. Режијата е на Зоја Бузалковска,асистент на режија е Димче Николовски, драматургија на Александра Бошковска, сценографија на Константин Трпеноски, а асистент на сценографија е Марија Мукоска.

 

Костимографија е на Елена Вангеловска и Раде Василев, музиката е на Давид Ангелевски, кореографијата и free running техника на Симон Симоновски, а 3D Mapping видео дизајн на Osama Almughanni.

Улогите ги толкуваат: Дамјан Цветановски, Трајанка Илиева Вељиќ, Александар Степанулески, Емилија Мицевска Трајковиќ, Соња Стамболџиоска, Јасмина Василева, Филип Трајковиќ, Стефан Вујисиќ, Златко Митрески и Нела Павловска.

Објавено:
19 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
58 пати