Слаткарница во центарот на Љубљана прогласена за една од најубавите во Европа

28 јули 2022

Во цантарот на хармоничната Љубљана, сместена во шармантната област Трново, се наоѓа една бајковита мала слаткарница која наликува на сцена од сказна.

Оваа слатка приказна носи назив „Lolita Eipprova" и важи за една од најубавите слаткарници во Европа и е вклучена во листата Топ пет светски угостителски објекти кои може да се пофалат со прекрасен ентериер целосно создаден од одржливи материјали.

Тука сите сетила ќе ви бидат нагостени со убавина. Од врвниот декор во ненаметливи, пастелни нијанси прошарани со флорални мотиви, до заносните мириси на цимет и ванила... А она што е вистинско богатство е скриено зад стаклените витрини: превкусни слатки специјалитети. Ситни колачиња, француски слатки, детски колачиња на стапче, врвни чаеви, егзотично кафе...

Дали може само да замислите кога сите овие мириси ќе се спојат со магичниот винтиџ амбиент, какво е тоа задоволство?

Дефинитивно ја сместуваме на нашата листа на места што мора да ги посетиме...

Објавено:
28 јули 2022
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
26.175 пати