СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Вторник во едноставна сина елеганција
•
30 август 2022
Добро утро!
Денес ќе му пркосиме на облачното сиво небо со фустан во сина боја која не потсетува на летото кое изминува. Овој супер едноставен, широк и лелеав долг фустан со волуменозни долги ракави дозволува целосна удобност и слобода во движењето.
Со елегантна чанта, сандали и крупен впечатлив накит, на овој едноставе изглед ќе му дадете нота префинетост.