СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Вторник во небесно сино и сончево жолти акценти
•
21 јуни 2022
Добро утро!
Започнете го денот со комбинација во енергични и светли бои што ќе ги разбудат вашите сетила и ќе ја поттикнат вашата продуктивност и креативност.
За денес препорачуваме удобност. Постигнете го чувството на слобода и релаксираност со комбинација од широки и комотни сини пантолони и лелеава кошула со пруги во посветла нијанса на сино.
За дополнителна слобода во движењето, облечете ги вашите омилени патики, а доколку сакате да го разбиете лежерниот стил, одлучете се за елегантни модни додатоци во сончево жолта боја.
Уживајте во сончевиот вторник!