СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Вторник во пастелна класика
•
16 август 2022
Добро утро!
Деновиве не пречекуваат свежи утра, па затоа ви препорачуваме да вметнете блејзер во денешната комбинација. Со овој небесно син класичен блејзер во комбинација со класична бела кошула и лелеави розови пантолони од лен ќе постигнете неодолив класичен изглед чии пастелни нијанси ќе му дадат дополнително освежување.
Фото: Pinterest
Дополнете го изгледот со вашите омилени модни додатоци, како чанта и чевли во соодветна неутрална нијанса, и подготвени сте да го започнете денот.
Уживајте!