СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Петок во карирана јакна и едноставни пантолони во неутрална палета
•
16 септември 2022
Добро утро!
Свежите септемвриски утра веќе си бараат повеќеслојна облека, па затоа за денес препорачуваме комбинација од лесна карирана јакна и едноставни пантолони со ѕвонест крој во боја која соодветствува со нијансите од јакната. Неутралната палета на кафена, бела, беж боја и небесно сини детали е совршена за раните есенски денови.
Kомплетирајте го изгледот со модни додатоци и елегантна кожна чанта во иста боја како пантолоните и уживајте во денот.