СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Вторник во карирана кошула и тегет панталони
•
12 јули 2022
Добар ден!
Започнете го ова утро со симпатична комбинација која инстантно ќе ве подмлади. Одберете удобни панталони со висок струк и ногавици со широк крој и искомбинирајте ги со карирана кошула во соодветна боја. Во овој случај се одлучуваме за тегет комбинација и кошула со длабок V-израз на преклопување која се врзува во панделка кај струкот.
Комплетирајте го изгледот со сандали во иста боја со пантолоните, а доколку чувствувате потреба да ја разбиете монотонијата, внесете модни додатоци во контрастна или неутрална боја, како оваа сламена чанта.
Ви посакуваме прекрасен вторник!