Пепито дезен во 20 есенски изданија

12 септември 2022

Својата светска популарност „пепито" дезенот ја стекнува во 50-те години кога Кристијан Диор решил во своите есенски колекции да искористи ткаенини токму со овој дезен.

За неговата популарност придонеле и Одри Хепберн и Брижит Бардо, кои често знаеле да го имплементираат во својот стил.

Всушност, се работи за дезен на ткаенина со двобојни, најизменично распределени „прекршени" квадратчиња, најчесто во црно-бела комбинација, но достапни се и варијанти во други бои. Пепито дезенот најчесто е искористен кај подебели ткаенини, па затоа најприсутен е во есенската и зимската мода.

Една од првите модни куќи кои го промовирале овој дезен е њујоршката De Pinna, производител на врвни машки и женски волнени ткаенини, основана во 1885 година.

Во 30-те години станува симбол за луксуз, богатство и изострен стил, затоа што го носеле и припадниците на англиската аристократија.

Во современата мода, „пепито" дезенот е редовен сопатник на трендовите, особено во есен и зима.

Интересно е да се анализира како иновативно може да се примени, а сепак да ја задржи онаа препознатлива нота на елеганција и класика.

Оваа сезона „пепито" дезен е присутен кај новите модели на бомбер јакни, корсети, здолништа, капути, но и модни додатоци.

Како да го искористите во вашиот есенски имиџ, ве инспирираме со 20 предлог комбинации.

Објавено:
12 септември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.299 пати