Пепито дезенот кокетира со елеганцијата во уличната мода – не можеме да му одолееме

14 октомври 2020

Нема утка кога е во прашање пепито дезенот. Токму овој период од годината е негова сезона, иако ние би го носеле секогаш и во секоја прилика.

Истовремено и впечатлив и елегантен, одлично се вклопува во секоја стилска целина која носи предзнак урбано и отмено во еден потег.

Оваа есен ќе го забележите на модните улици како кокетира во изданија што се на пресекот меѓу женствена и улична естетика.

Вметнат е во дизајнот на бомбер јакните, предимензионираните блејзери, капутите, како и комплетите со сако и здолниште или палто и панталони.

Често во комбинација со лакирана кожа, плетенини или пак со парчиња во интензивни бои, и оваа сезона овој дезен е присутен во модна смисла со сета своја доминација.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
14 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.835 пати
Тагови: 
пепито дезен