Пролетни трендови: 20 комбинации со сатенски фустани

17 март 2022

Се радуваме на доаѓањето на пролетта. Не само поради тоа што е најшарената сезона, туку и поради тоа што заедно со пролетта доаѓаат и највибрантните трендови со највеселите комбинации.

Малку повеќе од сѐ – боја, дезени, принтови, детали...

Во таа фина пролетна стилска идила, сатенските фустани како да си го загарантираа своето место неколку сезони однапред.

Актуелни ќе бидат и оваа година, вметнати во комбинации со шармантен, женствен или спортски предзнак.

Атрактивните комбинации со блејзери, во пошироки кроеви, како и со бомбер јакни, кои што ги гледавме и претходните сезони, ќе ја задржат својата актуелност во уличната мода.

Но, исто толку присутни ќе бидат и поелегантните комбинации со женствени мантили и кратки палтенца или пак со романтични кошули, што ќе послужат како одлична инспирација за посвечен изглед.

Фото: Пинтерест

Објавено:
17 март 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.404 пати