Дали ова e најшокантниот фустан од црвениот килим?

6 ноември 2013

Вчеравечер во Холивуд се одржа светската промоција на филмот Thor: The Dark, а 29 годишната актерка Џејми Александар „чистата первекција“ ја однесе кон нови височини. Ѕвездата на вечерта на црвениот килим пристигна облечена во долг црн фустан од брендот Azzaro кој откри многу повеќе од нејзината добра страна.

 

Ретко кој странски медиум не ги објави фотографиите од нејзиниот храбар стајлинг, со кој дефинитивно сакала да крене фама. Но овој фустан на одредени фотографии станува уште поексплицитен, со тоа што актерката воопшто не носи долна облека. Што мислите, дали ова е најхрабриот и нај ексцентричниот фустан „прошетан“ на црвен килим?

Објавено:
6 ноември 2013
Категорија: 
Сцена