Џесика Алба, Џејми Кинг, Ева Грин, Џејми Чанг беа само мал дел од дамите кои на црвениот килим од премиерата на филмот „Sin City A Dame to kill“ во Лос Анџелес се покажаа во најдоброто модно светло. Тие сосема ги оправдаа улогите во филмот имајќи на себе тоалети од големи дизајнерски имиња и брендови. Џесика Алба избра кралско син фустан од Зак Позен комбиниран со сребрени сандали од Џузепе Заноти и клач чанта во истата нијанса.
Актерката Џејми Кинг пак, воодушевуваше со црна тоалета на Версаче споена со црни сандали од Моник Лулие и накит на Џенифер Фишер.
Ноќта од премиерата на филмот на црвениот килим беше резервирана и за прекрасната Ева Грин која пак се одлучила за зелена тоалета од колекција на Ели Саб од висока мода.
Џејми Чанг како и секогаш шармантна така и овој пат беше во виолетова тоалета на дизајнерката Памела Роланд.
На премиерата во секси издание од фустан комбиниран од тантела и кожа се појави и црномурестата актерка Росарио Досон, креација од ресорт колекција за 2015 година на Ермано Скервино.
Детали од нивните изгледи гледате во продолжение: