Иванка Трамп вo син фустан инспириран од Грејс Кели за свадбата на Тифани Трамп во Мар-а-Лаго

15 ноември 2022

На свадбената прослава на Тифани Трамп и Мајкл Булос која се случи во саботата во Палм Бич, Флорида, во Мар-а-Лаго, Иванка Трамп блесна во сина креација на Галија Лахав, инспирирана од фустанот што Грејс Кели го носеше во филмот „To Catch a Thief" од 1955 година.

Фото: wwd.com

Небесно сината свечена тоалета во грчки стил со транспарентен шал кој се обвива околу вратот и грбот, Иванка го надополни со сребрени сандали на платформа со потпис од Jimmy Choo Gaia.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Покрај видливата сличност на фустанот со оној на Грејс КелиСлучајно, многумина забележаа дека и датумот 12 ноември (денот на венчавката) е воедно и 93-тиот роденден на поранешната принцеза од Монако. Па така, се претпоставува дека Иванка го искористила моментот да ѝ оддаде почит на принцезата Грејс.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Оригиналниот фустан што Грејс Кели го носеше во „To Catch a Thief" беше дизајниран од познатата костимографка Едит Хед, која освои осум награди Оскар за најдобар дизајн на костими помеѓу 1949 и 1973 година, што ја прави најнаградуваната жена на Академијата за филмска уметност и историја на науките.

Фото: wwd.com

Иако таа не го освои Оскарот за најдобар костимографија за „To Catch a Thief", Хед сепак беше номинирана за Оскар во 1955 година.

Синиот фустан на Кели сè уште живее како еден од најпознатите модни моменти во филмот. Инспирацијата за фустанот дојде од „The New Look" на Кристијан Диор, кој имаше заоблени раменици, тесна половина и целосно здолниште со кое ја славеше женственоста.

За својата венчавка, Тифани Трамп избра деликатна венчаница на Ели Сааб со балетски врат, тесен струк и долг опаш, додека пак Булос носеше класичен црн смокинг.

Објавено:
15 ноември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
931 пати