Омилените празнични колачиња - Gingerbread Cookies

17 декември 2022

Познатите колачиња со ѓумбир или gingerbread cookieѕ се почесто заземаат почесно место меѓу благите рецепти за новогодишните и божиќните празници.

Особено се интересни за најмладите, кои со задоволство чекаат да ги пробаат. Токму затоа ви предложуваме лесен рецепт за gingerbread cookieѕ во кој што ќе уживаат и децата и возрасните.

Што ви е потребно?

  • 3 1/4 чаши сенаменско брашно
  • 1 супена лажица мелен цимет
  • 1 супена лажица мелен ѓумбир
  • 3/4 супена лажица сода бикарбона
  • 3/4 супена лажица мелено каранфилче
  • 1/2 супена лажица мелено морско оревче
  • 1/2 супена лажица сол
  • 3/4 чаша несолен путер, омекнат на собна температура
  • 1/2 чаша кафеав шеќер
  • 1 големо јајце
  • 1 1/2 супена лажица екстрат од ванила

Рецепт за бел прелив

  • 2 чаши шеќер во прав
  • 2–3 супени лажици млеко
  • 1/4 супена лажица екстрат од ванила

Начин на подготовка 

Во голем сад заедно измешајте брашно, цимет, сода бикарбона, ѓумбир, сол и каранфилче. Со електричен миксер матете ги шеќерот и путерот две минути на средна брзина, за да добиете лесна и воздушеста смеса.

Додајте јајце и ванила и матете додека состојките не се соединат. Намалете ја брзината на миксерот и полека додавајте ја смесата со брашното.

Поделете го тестото на два еднакви дела во форма на топка. Потоа рачно израмнете ја секоја топка додека не добиете тесто со дебелина од два сантиметри. Завиткајте го во пластична кеса и ставете го час и половина во фрижидер за да се стврдне.

Расукајте го тестото на рамна површина се додека не добиете тенка кора (помалку од половина сантиметар). Потоа земете ги модлите за колачиња и извадете разни форма според желба. Правете го тоа се додека имате тесто.

Тавата на која што ќе ги редите обложете ја со хартија за печење. Печете од 8 до 10 минути на температура од 180 степени. Извадете ги од рерна и оставете ги пет минути да се изладат.

Кога ќе бидат веќе изладени можете да започнете со декорирање. Освен преливот дополнително може да се стават и ситни украси за колачиња во различни форми и бои.

Доколку сакате освен бел да имате прелив и во друга боја, додадете малку готварска боја по желба.

Добар апетит.

Фото: Pinterest

Објавено:
17 декември 2022
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.129 пати