Плетени фустани во зимски деловни комбинации – елегантно решение за секојдневните дилеми

10 јануари 2023

Деловните комбинации, особено во зимскиот период, честопати претставуваат предизвик, кој е во тесна релација и со тоа каква работна функција извршуваме и каква е деловната политика на нашето работно место.

Дополнително во зима, приоритетот е секогаш на практичноста, па првиот услов што треба да го исполни нашата деловна облека е во неа да се чувствуваме пријатно и топло. Но, тоа не значи дека функционалниот и прагметичен деловен изглед, истовремено не може да биде и елегантен и модерен, што и естетски ќе одговори на секојдневните дилеми и прашањето: што да облечам денеска за на работа?

Едно универзално решение кое никогаш не губи од својата актуелност се плетените фустани адаптирани во зимски деловни комбинации.

Дамска естетика со флексибилен дизајн и функционалност, е формулата што плетените фустани ги издвојува како омилени во плакарот на многу деловни жени.

Оваа зима хит комбинација е плетен фустан + високи чизми до колена, што може да ја искористите како дополнителна идеја во дефинирањето на вашиот зимски деловен изглед.

Ве мотивираме со неколку атрактивни комбинации.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
10 јануари 2023
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.810 пати