Дури и во зима, не мора да се лишиме од задоволството да носиме фустани на работното место. Напротив, постојат толку многу опции, модели и комбинации што ни отвараат различни можности како да комбинираме фустани во зимски деловни комбинации.
Во однос на моделите, приротитетот е на оние фустани изработени од пријатни и топли материјали и плетенини. Плетените миди и макси фустани, се најчестиот избор, бидејќи лесно може да ги комбинираме со омилените чизми до колена, сако или елек, како парчиња кои исто така се редовни во деловните комбинации.
Исто така, атрактивни се и комбинациите на фустани без ракави што идеално одат во пар со безвременската бела кошула.
Доколку сакате да постигнете слоевит ефект, одберете фустан во А-крој или модел што ја следи линијата на телото и комбинирајте го со макси елек и ремен што ќе ја нагласи половината.
Во продолжение неколку супер стилски-деловни комбинации со фустани, како идеи за оваа зима.
Фото: Пинтерест