Моќта на седата коса, наспроти стравот од неа

25 јануари 2023

Кога доаѓаме до возраста во животот, кога седите влакна ќе почнат да ни ја покриваат главата, многу поизразено, а за жал, се опседнуваме со годините и сите природни трансформации што доаѓаат со зрелоста.

Но, наметнатиот страв од „седата" коса можеме да го контролираме и да го претвориме во предност, моќ каква што само природата поседува.

Токму таква е мисијата во работата на професионалниот американски фризер Џек Мартин кој верува во моќта и убавината на седата коса, односно на сивите тонови во косата.

Имено, неговите клиентки уживаат фантастични трансформации благодарение токму на таквиот негов пристап, при што ја истакнува природната сива нијанса на нивната коса.

„Тие се најголемите жртви на диктатурата на убавината: колку мажи биле пофалени благодарение на нивната седа коса и наспроти ова, колку жени слушнале дека изгледаат постаро со истата таа седа коса? Се создава комплекс, нели? Јас верувам дека прифаќањето на природната боја на косата е начин да се ослободиме од очекувањата на нашето опкружување и на тој начин, благородно да си го прославиме нашето зреење", вели фризерот за Bored Panda.

Неговата работа и дела, ги потврдуваат неговите зборови.

Извор: Bored Panda

 

Објавено:
25 јануари 2023
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.015 пати