Принцезата Каролине од Монако одлучи повеќе да не ја бои косата

2 декември 2020

Принцезата Каролина од Монако, ќерката на Грејс Кели, ја наследила убавината од мајка си, со која плени и во седмата деценија од животот.

Неодамна се појави на свеченото одбележување на Денот на државноста во Монако и сите ги изненади со новата фризура.

Имено, принцезата одлучила дека не сака веќе да ја бои косата, па така од кафените нијанси, одлучи да се приклони кон трендот кој дефинитивно ја одбележа 2020 година - седата коса.

Стручните лица велат дека ваквата одлука е одличен начин за постепено истакнување на сребрените тонови на косата.

Доколку размислувате за ваква промена, за да не ви дојде голем шок негувањето на природната боја, можете да започнете со балајаж техника, за потоа постепено природните нијанси на влакното да почнат да се прелеваат.

Инаку, принцезата на настанот се појави во црн костим од букле, со бели ракавици и црно венче во косата, кое уште повеќе ја истакна нејзината нова нијанса на коса.

 

фото: instagram.com;

Објавено:
2 декември 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.819 пати