Годинава некои познати личности драстично го сменија својот изглед. Трасформацијата кај дел од нив се однесуваше на тежината, како во случајот на Кристина Агилера. Сепак, најчестите промени беа фокусирани на косата, и кај жените и кај мажите.
Во продолжение погледнете кои личности привлекоа најмногу внимание со своите промени:
Шарлиз Терон на почетокот ја гледавме со изразено машка фризура во смеѓи тонови, но кон крајот на годинава, таа повторно се врати на русите нијанси и повторно ја пушта косата
И моделот Коко Роша одлучи да се приклони кон најпопуларниот тренд и си ја скрати косата
Џенифер Лоренс најпрвин се одлучи на средна должина на косата, за потоа да се ишиша уште повеќе
Бијонсе драстично ја скрати косата февруари 2013 - август 2013
Во почетокот на годинава Бред Пит го гледавме со долга коса. Кон крајот на годинава тој повторно ја скрати, а според многумина ова многу подобро му стои. Анџелина и оваа година ја паметиме по недостатокот на килограми
Ким Кардашијан од бринета во омбре стил
Кристина Агилера - ноември 2012 - ноември 2013
Уште една драстична промена, овој пат на Џенифер Хадсон. Освен што варира со килограмите, па оваа година ја видовме со некој килограм помалку, таа одлучи да „намали“ и со косата.
Тејлор Свифт оваа година доживеа трансформација од девојче во девојка, која провокативно се облекува