Какви одела ќе носиме оваа пролет?

9 февруари 2023

Воопшто не е прашање дали и оваа пролет оделата ќе бидат ИН. Тоа веќе се подразбира. Единствено прашање кое се поставува е какви модели ќе бидат актуелни.

Според тенденциите во најава, заедно со пролетта се враќаат оделата во интензивни и свежи бои, во кроеви кои варираат од предименизионирани блејзери и широки панталони до класични со потесен крој, а во однос на ткаенините очекувано фокусот ќе биде на природните материјали, особено на ленот.

Особено е интересно да се анализира, начинот на кој ќе ги комбинираме оделата оваа пролет. Со краток топ и корсет – секако! Овој тренд од минатата година, останува актуелен и претстојната сезона. Блејзерите со длабок V израз, закопчани, а во комбинација со тесен џинс – исто така се меѓу тенднециите. Но, спортски комбинации на одела во лежерен крој комбинирани со патики, веројатно се водечката верзија на овој тренд за пролетта пред нас.

Подгответе се, доаѓа пролет.

 

Објавено:
9 февруари 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.617 пати