Вечната инспирација Одри Хепберн во последната колекција на Кристијан Сириано

14 февруари 2023

На последната ревија со потпис на Кристијан Сириано, што се одржа во Њујорк, продефилираа вкупно 56 уникатни дизајни.

Секое парче раскажа приказна за себе, но тоа што ги обедини сите беше инспирација на дизајнерот, легендарната Одри Хепберн.

Она што можеше да се посведочи, меѓу другото, беа жолти предимензионирани фустани, миди дизајн без прерамки, цветни тоалети со чипка и секако препознатливата Одри шапка.

Розево-виолетови нијанси, бела и сончево жолта, како да беа излезени од цветната градина на Хепберн.

Дизајните на Сириано не вклучуваат многу придавки во описот или како што тој вели секој од нив е сосема доволен, ниту помалку ниту повеќе.

А токму тоа го има совршена ѕвезда Одри, моќна едноставност и точна мерка од сè што е потребно за безвременска убавина.

Фото: Vogue

Објавено:
14 февруари 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
226 пати