Среќен роденден Јосипа Лисац!

14 февруари 2023

Јас имам една посебна врска со сцената, со сценското изразување, со тоа како се покажувам себеси визуелно. Мислам дека луѓето се раѓаат со некакви ставови, со некоја сложеност во главата, пронаоѓаат нешто што им се допаѓа, нешто во што се чувствуваат добро...Најважно во животот е да се осмелите...

Со право можеме да кажеме дека хрватската пејачка Јосипа Лисац е една од најголемите модни икони на Балканот (ако не и пошироко). Таа беше секогаш пред времето, барем така велат, на што она често се противеше велејќи дека другите доцнат, а таа е на време.

Покрај нејзиниот неповторлив вкус за мода, Јосипа ги грее срцата и со моќниот е несекојдневен глас.

Денес музичката дива полни 73 години, но малкумина знаат дека својата музичка кариера ја започнала на само 10 годишна возраст. Некогашната членка на групата Златни Акорди за својот придонесе во музиката има добиено и Порин награда за животно дело.

Животот и кариерата на Лисац во голема мера ги одбележа и нејзината непреболена љубов, Карло Метикош. Двајцата заедно работеле на вкупно 13 албуми и голем број концерти и настапи., пред тој да почине во 1991 година.

Нешто мора да биде минимално, додека друго силно нагласено и сето тоа добро да се спои на крајот.

Среќна 73-ка Јосипа Лисац!

Фото: Pinterest

Објавено:
14 февруари 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
302 пати
Тагови: 
Јосипа Лисац