Со прекрасните глетки од Далмација во позадина на нејзините модни фотографии, блогерката Михаела Мудронја која живее на островот Муртер, прави една одлична симбиоза меѓу мода и далматинските култоролошки обележја, на нејзиниот инстаграм профил @la.attraversiamo.
Стилот што таа ни го презентира е ненематлив, а допадлив, најчесто во неутрални, беж нијанси и спој на атрактивни парчиња во женствени комбинации.
Дамите кои преферираат урбана елеганција, веројатно ќе се пронајдат во нејзината естетика.
Меѓу зима и пролет, нејзините актуелни аутфити во најголем дел се слоевити со досетливи миксови од елеганти, деловни и лежерни парчиња.
Бела кошула врз која ќе облече корсет и кратка јакна или џинс здолниште кое ќе го комбинира со блузон, спортско капче и високи потпетици, се само илустрација како оваа Далматинка внесува доза на возбудливост во нејзиниот секојдневен стил.
View this post on Instagram