Петок во кралска сина боја
•
10 март 2023
За да ја завршиме работната недела со стил одбравме блејзер и кошула во кралска сина боја.
Оваа нијанса е непогрешлив избор кога сакате да изгледате софистицирано.
Елегантни беж пантолони со широк крој и високи потпетици во иста боја одлично ќе ја дополнат комбинацијата.
Петочкиот стајлинг ќе го заокружиме со колоритна марама и голема чанта во светло кафена нијанса.
Имајте убав викенд!
Фото: Pinterest