Петок е за пастелно син блејзер
•
7 април 2023
Работната недела ќе ја завршиме со блејзер во пастелно сина боја и бели фармерки со широк крој.
Оваа нијанса ни буди чувство на смиреност, а одлично се вклопува со бели тонови.
Од модни додатоци ќе одбереме ремен во кафена нијанса, окер чанта и високи потпетици во слична боја.
Стајлингот за овој петок е подготвен и ви посакуваме убав викенд.
Фото: Pinterest