Добро утро. Сончев петок е пред нас, причина повеќе да ја завршиме работната недела во одлично расположение.

Нашиот денешен предлог за инспирација е комбинација составена од фамерки и блузичка со натпис, но вие можете да одберете и некоја еднобојна ако сакате.

На тоа додадете кариран капут ако имате, а стајлингот направете го впечатлив со модните додатоци во боја. Во случајов качкетот, марамата, чизмите се во црвена нијанса, но вие можете да одберете и некоја друга која ви се допаѓа и на тој начин внесете дополнителна доза ведрина во вашиот ден.

Ви посакуваме убав петок.

Објавено:
18 февруари 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
619 пати