Сите вие што имате слободен викенд, искористете го максимално. Времето е на ваша страна! Токму поради тоа, ние за денеска имаме еден разигран и весел моден предлог. 

Плисираното здолниште со цвете принт го комбинираме со бела маичка на куси ракави, која исто така има принт на предната страна. Вие можете да одберете некоја со подискретен натпис или пак сосема еднобојна.

Кога се модните додатоци во прашање, темносини балетанки на врзување и чанта во жолта боја. 

Ако сте позимурливи, на сето ова додадете и тексасна јакна.

Исто така, не излегувајте без очила за сонце.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
25 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
765 пати