Да ја завршиме работната недела сончево. За денеска одбравме весела и шарена комбинација, која заедно со убавото време, ќе ви го подобри расположението.

Плисираното бело здолниште, со принт од црни срциња, го искомбиниравме со жолта кошула без ракави, но вие можете да одберете и некоја поширока со ракави или било која што ќе соодветствува на вакво здолните.

Комбинацијата ја надополнивме со бели обувки и колор-блок чанта за преку рамо, за да можете слободно да се движите.

На сето тоа, одберете кармин во поинтензивна виолетова нијанса, како контраст на жолтото и подготвени сте за денешните предизвици. Со оглед на тоа дека е крај на работната недела, повеќето од вас ќе се одлучат и за забава со пријателите по работното време, па во оваа комбинација ќе се чувствувате и удобно и дотерано.

Имајте убав ден!

Објавено:
16 септември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
398 пати