Излезе трејлерот за филмот посветен на Ив Сен Лоран

9 ноември 2013

Приказната за големиот дизајнер и неговата извонредна кариера конечно го здогледа светлото на денот. Сценариото за филмот е одобрено од поранешниот соработник на модниот дизајнер Пјер Берже. Дејството почнува од пристигнувањето во модната куќа Диор во 1957 година и продолжува со низа перипетии и секојдневие кое пулсира помеѓу „гневот“ на медиумите и неговата неверојатна генијалност.

Пјер Нинеј е младата ѕвезда која ја имаше честа да ги облече „чевлите“ на дизајнерот и да прошета низ неговиот живот со една драматична гламурозност и тензија  која сите почитувачи и обожаватели на делото на овој прерано починат дизајнер потајно ја очекуваа.

Интересен момент во филмот е прес-конференцијата каде 21 годишниот Сен Лоран е назначен за нов креативен директор на Диор и новинарите почнуваат да го бомбардираат со прашања од типот:

„Не се чувствувате премногу млад за да бидете претставник на најдобрата модна куќа за висока мода во Франција?, Може ли да ни ги откриете кои се вашите планови за првото модно шоу?, Како се чувствувате во моментов?“

А Сен Лоран кој го игра младиот Пјер Нинеј, како што веќе кажавме одговара:

„Не можам да ви ги опишам сите чувства кои моментално струјат низ мене, но ќе дадам се од себе“.

 

 

Од веќе приложеното во филмот Сен Лоран беше „искритикуван“ како креативен, страстен, смел, авангарден, анти-конформистички, провокативен, инспиративен, а сцените каде Сен Лоран ги облекува моделите со неговите дизајни и креации, како и моментите каде неговите партнери се голи и тој се бакнува со нив како нерелевантни за гледање.

Филмот завршува со репликата на Сен Лоран, а.к.а. Нинеј:

„Јас се обидувам да се изразам себе, но ако тие се обидат да ме спречат, ќе умрам“

Премиерата е закажана за почетокот на 2014 година во Франција. Пјер Берже кој веќе кажавме дека го одобри овој филм не е само долго годишен соработник на овој моден дизајнер, туку и ко-основач на големата модна империја. Џалил Лесперт кој е режисер на ова ремек дело, во филмот ја опишува и нивната романтична врска.

Модниот дизајнер Ив Сен Лоран почина во 2008 година од рак на мозокот.

 

Објавено:
9 ноември 2013
Категорија: 
Сцена