Скарлет Јохансон фатална заводничка од 50-те во новиот филм Asteroid City

31 март 2023

Скарлет Јохансон, која е поим за убавина и сексапил во Холивуд, во својата најнова улога портретира фатална заводничка од 50-те години.

Во филмот Asteroid City на режисерот Вес Андерсон, познат по ексцентричниот израз, покрај Скарлет се појавуваат уште многу познати актери како Том Хенкс, Едриен Броди, Мет Дилан, Вилијам Дефо, Тилда Свинтон, Лив Шрајбер, Рита Вилсон, Стив Карел и други.

Првиот трејлер од Asteroid City ни ја прикажува Јохансон како магнетно привлечна филмска ѕвезда, со изглед што бил поим за заводливост во 50-те.

Дејствието во филмот се одвива во фиктивен град во пустина во 1955 година, во кој што се одржува Junior Stargazer конвенција, собир на студенти и родители, дојдени да се рекреираат и натпреваруваат во научни игри.

За кратко време во градот има инвазија од вонземјани и сите присутни се ставени под карантин.

Asteroid City својата премиера ќе ја има на 16 јуни.

 

Објавено:
31 март 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
330 пати