Страст кон животот и боите: Со 94-години, Бади Винкл е инспирација за сите генерации

27 април 2023

Со фантастично досетливите и комични коментари и уште пофантастичните фотографии богати со колор, животно искуство и многу забава, 94-годишната популарна инстаграм бабичка Бади Винкл е инспирација за сите генерации.

Животот треба да биде забавен, со оваа своја девиза таа ги освои симпатиите на милионите следбеници на Инстаграм кои во нејзините колоритни и забавни постови на оваа социјална мрежа, секојдневно наоѓаат мотивација и позитивна мисла.

Препознатлива е по тоа што им пркоси и на стереотипите и на годините.

И покрај животните предизвици кои ги поминала по загубата на сопругот и синот, уште на млада возраст, Бади продолжила со полна со животна енергија, а во една прилика ќе изјави:

„Не сакам да носам облека за стари луѓе. Никогаш и не сум ги носела во мојот живот. Но, никогаш нема да ме видите ниту во невкусни, премногу куси шорцеви во кои ќе се гледа мојот задник. Имам направено некои такви фотографии, но тоа беше само за забава", вели Бади.

Облеката е медиум преку кој таа ја изразува својата страст и кон животот и кон боите, како и позитивниот став кон возраста, и не треба многу да анализирате за да го забележите тоа.

Светот ја засака откако пред неколку години, нејзината внука објави видео од неа на Инстаграм, по што за многу кратко време Бади доби бројни пофалби и милион следбеници.

Нејзиното вистинско име е Хелен Ван Винкл, но од пред неколку години таа почнала да се нарекува себеси Бади за која ќе каже дека многу и помогнала да преброди бројни работи во животот.

„Бади ми помогна многу, духовно...

Најважната лекција што ја научив од неа е да го живеам животот онака како што сакам. Сакам да бидам пример за постарите луѓе... Живееме само еднаш и затоа забавувајте се добро", вели Бади.

„Украдете" малку позитивна енергија од нејзиниот инстаграм профил.

Објавено:
27 април 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
445 пати
Тагови: 
Бади Винкл