Дуа Липа ќе дизајнира летна колекција за Версаче

6 мај 2023

Официјално е потврдено, греми наградуваната пејачка Дуа Липа ќе дизајнира облека за модната куќа Версаче.

Во последните неколку години покрај големите хитови, пејачката стана и модна икона, па дури и беше една од домаќинките на овогодинешната Мет Гала.

Новата колекција во која ќе вмеша прсти Липа се нарекува La Vacanza, што преведено на италијански значи Одмор.

Донатела и пејачката се добри пријателки, а модната куќа ја поддржува нејзината музичка кариера уште од самиот старт.

За Дуа Липа оваа можност е исполнување на нејзините соништа.

Поврзаноста на пејачката со брендот може да се забележи по тоа што таа многу често носи и креации на Версаче и е главен гостин на нивните ревии.

La Vacanza ќе го има своето модно деби во Кан, за време на Филмскиот фестивал што ќе се одржи на 23-ти мај.

Откако шоуто ќе заврши колекцијата ќе биде достапна онлајн и во продажните места на модната куќа на глобално ниво.

Фото:Instagram

Објавено:
6 мај 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
450 пати