Едно од најубавите места во Италија - езерото Комо

8 мај 2023

Кога температурите ќе почнат да растат, желбата да отпатуваме некаде станува сè поголема.

Топлото време е наш сојузник и ни овозможува да поминеме повеќе време на отворено, истражувајќи познати и непознати предели.

Италија е секогаш едно од омилените места за патување, со прекрасната природа, култура, градби и гастрономската понуда што никого не остава рамнодушен.

Таму некаде помеѓу многуте прекрасни дестинации се наоѓа и езерото Комо, бисер што ги воодушевува сите посетители.

Кристално чиста вода, поглед на снежните Алпи, целиот регион каде што се простира ова езеро е како од бајка.

На неговата обала се наоѓаат повеќе од 30 градови и села, а помеѓу најпознатите се Белаџио, со најексклузивна понуда, како и Варена и Лено.

Фото: Pinterest 

Објавено:
8 мај 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
619 пати