Оваа недела решивме да избереме најдобар и најлош аутфит од модната куќа Кристијан Диор.
За WOW на неделата ја одбравме Натали Портман која на премиерата на филмот„Thor: The Dark World“ во Њујорк се појави во креација на Кристијан Диор и тоа во класични панталони и шарен топ, чевли од Диор, накит од Хери Винстон и Шарлот Олимпија клач чанта. За промена добро е да се види актерката во малку поелегантен изглед кој не вклучува коктел фустани. Токму затоа изборот на нејзиниот аутфит за оваа недела го сметаме за најдобар.
За LOL на неделата ја одбравме Елизабет Олсен која на Интернационалната гала нa Guggenheim се појави во црн фустан на Кристијан Диор со набори на горниот дел и црни салонки. Со ваков аутфит Елизабет повеќе изгледа како да излегла на прошетка отколку на гала настан, а ни најмалку не обрнала внимание на дополнување на изгледот со аксесоар и средување на омбре фризурата која веќе не е ин.