Мал трик што ќе ве ослободи од болка кога носите високи потпетици

22 мај 2023

Можеби ќе ви звучи чудно, но според тоа што компанијата за чевли EGO Official го тврди, обична лента селотејп може да ја елиминира болката при носење високи потпетици.

Во видеото што со повеќе од 10 милиони прегледи стана вирално на TikTok, модел го споделува трикот за ослободување од болката.


Се советува да се завиткаат заедно со селотејп, третиот и четвртиот прст од стапалото, со што би се намалил притисокот на самото стапало.

Иако високите потпетици умеат да предизвикаат непријатност кога подолго време се носат, истражувањата покажуваат дека истите ја зголемуваат самодовербата кај жените.


Коментарите засега се поделени, но ништо нема да изгубите доколку го испробате трикот следниот пат кога ќе носите високи потпетици.

Видеото на следниов линк.

Фото: Tik-Tok/Print screen

Објавено:
22 мај 2023
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.488 пати