Трик за безболно носење високи потпетици

8 јуни 2017

Повеќето жени обожуваат да носат високи потпетици од разни причини – самодоверба, женственост, заводливост, издолжување на фигура..., но тоа не секогаш е пријатно чувство. И покрај тоа што факт е дека „тежок е фраерски живот“, сепак добро е да се знае и по некој трик што ќе го олесни движењето во потпетици.

фото: Huffington Post

А овој во продолжение е еден од нив.

Ако се соочувате со грчеви во прстите и болно чекорење, тогаш можеби ова ќе ви помогне:

-потребно ви е самолеплива лента или фластер во боја на кожа, или евентуално транспарентен.

-третиот и четвртиот ножен прст (почнувајќи од палецот), обвиткајте ги со лентата.

фото: Shutterstock

-фластерот ќе ги фиксира прстите и ќе го спречи нивното раздвојување, со што ќе го спречи и појавувањето на грчеви и незгодна положба. Се намалува притисокот на предниот дел од стапалото, кој при носењето потпетици, станува болен.

Обидете се.

Објавено:
8 јуни 2017
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
3.723 пати
Извор: 
zadovoljna.hr