Како да украсите велигднески јајца без да ги бојадисувате

3 април 2018

Ако ви здосади класичното бојадисување јајца, а сакате нешто креативно и интересно кога се велигденските јајца во прашање и вашата трпеза, во продолжение следат неколку предлози што веруваме ќе ви го задржат вниманието:

Јајца со украсни камчиња...

Сè што ви треба е силиконски пиштол и украсни камчиња. Камчињата залепете ги во своја композиција, ќе добиете велигднески јајца со глам ефект :)

 

...Или копчиња

Ако сакате нешто повесело и винтиџ, можете да искористите стари копчиња. Принципот е како во претходниот случај, копчињата ги лепите од предната страна со силикон и оставате да се исушат.

 

Машнички

Купете украсни ленти и јајцата врзете ги во машнички. За да не ви лизга, на страничните делови, прицврстете ја лентата со лепак или силикон.

 

Украсни ленти

Потребни ви се сатенски ленти и самолеплива хартија од двете страни, која ќе ја поставите на веќе исечканите сатенски ленти. Потоа редете ги на начин на кој ви се допаѓа. Ако немате самолеплива хартија, тогаш послужете се со лепак/силикон за да ги прицврстите на крајните точки.

 

Светкави ленти

Истото можете да го повторите и со светкави ленти во различни бои и да создадете ефект на мозаик. Затоа е пожелно да оставите малку простор помеѓу делчињата.

 

Точки

Потребна ви е темперна боја/прехрамбена боја и молив. Од страната на гумата, односно тапиот дел од моливот ставете го во боја, а потоа аплицирајте на јајцето и ќе добиете точки во саканата боја во различни нијанси.

 

Еднорози

Потребно ви е пенкало, неколку цветчиња, гранче и лепак/силикон. Со пенкалото нацртајте ги замижаните очи, а со силиконот односно лепакот на врвот од јајцето залепете ги цветчињата и гранчето. Малку работа,а ефектот е и повеќе од впечатлив.

 

Кактуси

За овде употребете темперна боја/прехрамбена боја (зелени нијанси) или фломастери. Обојте ги јајцата во зелено, а одозгора залепете го некое вештачко цветче и добивате велигднески кактуси :) .

 

Уметнички велигднески јајаца

За ова ви е потребно само четка и темпери или прехрамбени. Повлечете слободно со четката и оставете да се засуши. Можете да правите комбинација и од повеќе бои. Изборот е ваш.

Објавено:
3 април 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
5.280 пати