Среќен 40-ти роденден Пријанка Чопра

18 јули 2023

Во 2000-та, на само 18 години беше прогласена за Мис на светот и се уште важи за една од најубавите жени на планетава.

Прекрасната индијка Пријанка Чопра, која е актерка, продуцентка, пејачка, филантроп, денес прославува јубилеен 40-ти роденден.

Таа е една од најплатените актерки во Индија, а беше прогласена и за една од 100-те највлијателни личности во светот.

Forbes исто така ја стави на листата 100-те најмоќни жени во светот, а лани истото го направи и BBC.

За нејзината улога во филмот Fashion (2008) Чопра ја освои наградата National Film како и Filmfare наградата за најдобра актерка во Индија.

Покрај боливудски улоги Пријанка се има појавено и во холивудски филмови, меѓу кои и The Matrix Resurrections (2021).

Покрај актерската кариера преубавата индијка се испроба и како пејачка, а има напишано и мемоари Unfinished, кои се најдоа и на листата најпродавани според New York Times. .

Пријанка е во брак со американскиот актер и пејач Ник Џонас, а парот има и ќеркичка.

Чопра е голем филантроп, а беше и амбасадор на УНИЦЕФ. Има свој бренд за нега на коса, ресторан, линија за производи во домот, и е најследена индиска актерка на Инстаграм.

Ѝ посакуваме среќна 40-ка!

 

Објавено:
18 јули 2023
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
348 пати