Речиси и нема кој не чул за Стела Мекартни, познатата британска дизајнерка и ќерка на легендарниот музичар Пол Мекартни.
Како што и самата има кажано, кога растела се чувствувала чудно, од причина што кога и да се запознавала со некој сите веќе добро ја знаеле.
Иако била горда на фактот што е ќерка на член на Битлси, сепак ќе изјави дека понекогаш во одредени ситуации презимето било и пречка.
Стела, која е познат веган, ја креирала својата прва јакна на само 13 години. Влегла сосема случајно во модниот свет, со надеж дека ќе создава мода која е одржлива.
И покрај фактот што котира високо во модната индустрија таа од секогаш се чувствувала како аутсајдер.
Стела не е како останатите дизајнери, таа постојано се залага за околината, за правата на животните, не употребува крзно во колекциите и е голем поборник за одржливата или еко мода.
Она што Мекартни го носи се минималистички дизајни, монохроматски комбинации, чисти линии... Кај неа нема да видите многу боја, а не ги сака ни принтовите.
Земјените нијанси, како и класичните црна и бела боја се најприсутни во нејзиниот гардеробер, а материјалите што ги облекува и промовира се секогаш еколошки.
Да се има свое „јас", значи и да знаете што носите, да знаете зошто го носите тоа и да биде во согласност со вашиот стил, без разлика дали е модерно. Никогаш не ги сакав оние луѓе кои „трчаат" во продавниците веднаш штом ќе биде лансиран некој тренд. Тоа не е модерно. Дизајнот е нешто сосема друго и неговото сфаќање е еднакво на современост всушност. Модата е нешто сосема старомодно и предвидливо.
Таа има добиено многубројни признанија за нејзината работа како дизајнер, но и како еко-активист.
Од 2003-та дизајнерката е во брак со Аласдхаир Вилис, а двојката заедно има два сина Милер и Бекет и две ќерки Рајли и Бејли.
Среќен роденден Стела Мекартни!
Фото: Pinterest