Стела Мекартни и нејзиниот сопруг ги откриваат почетоците од нивната љубов

6 февруари 2014

Следниот пат кога ќе се подготвувате за деловна средба, не ја исклучувајте можноста дека токму на тој службен собир ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот. Ова е совет што со вас го споделуваат славната дизајнерка Стела Мекартни и нејзиниот сопруг Аласдхаир Вилис. По повод претстојниот празник на вљубените, Стела и Вилис, објаснуваат дека токму на тој начин тие се запознале и до ден денес длабоко веруваат и се посветуваат на взаемната љубов.

-Прв пат се сретнавме кога Аласдхаир беше повикан за бизнис консултација во мојата компанија откако го напуштив брендот Клое, открива Стела.

-Љубовта се случи пред маса на која имавме деловен појадок, а слободно може да кажам дека и оттогаш не сме биле разделени, вели Вилис кој додава: и се јавив тоа попладне и немав идеја дали воопшто ќе ми одговори. За среќа, тоа беше отскок за се понатаму, зашто таа се согласи да се сретнеме на приватен состанок, од кој продолживме да ја градиме нашата љубовна историја. Ние сме среќни, најмногу зашто се почитуваме пред се, уживаме во заедничкото друштво, a освен животен сопатник, Стела  ми е најдобриот пријател. Никогаш не сум пропуштил ниту една нејзина ревија , а знам дека и таа истото го прави за мене, искрено раскажува Вилис за магазинот The Times.

 

Објавено:
6 февруари 2014
Категорија: 
Сцена